Владата денеска донесе одлука со која ја усвои предлог-програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените земјоделки. Со програмата, за прв пат се решава правото на користење на надоместок за мајчинство за жените кои поради раѓање се спречени да ја врашт земјоделската дејност, право кое не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи на земјоделките, соопшти Министерствто за земјоделство (МЗШВ).

Со усвојувањето на оваа програма, ќе започне реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000,00 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство, велат од МЗШВ.

„За да нема злоупотреби, битно е јасно да се разграничи дека целната група која ќе ја имаа оваа поддршка се жените кои имаат статус на осигуреник – индивидуален земјоделец, стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои законите од областа на работните односи не ги препознаваат како лица во работен однос, поради што не можат да остварат платено породилно отсуство. Жените кои статусот на индивидуален земјоделец го стекнале согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, се вработени лица и тие го остваруваат правото на платено породилно отсуство“, објаснуваат од МЗШВ.

Финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која родила дете во периодот од 01.12.2022 до 01.12.2023 година. Воедно истата треба да е запишанa во единствениот регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејно земјоделско стопанство кое остварило финансиска поддршка согласно Програмата за финасиска подршка во земјоделството за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари. Земјоделката ќе треба да има и непрекинат статус на осигуреник индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето.

„Програмата е изработена на иницијатива и во директна соработка со жените вршителки на земјоделска дејност, кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не примале платено породилно отсуство“, велат од МЗШВ.