taxНа било кој доходот остварен од страна на поединец или трговско друштво во голем дел од светот потребно е да се плати данок. Начинот на плаќање и висината на даночната стапка се разликува од земја до земја, но секаде постои принципот на оданочување на приходот на трудот или приносот од капиталот.

Сепак, постојат и земји каде даноците не постојат, што значи дека за истата работа вработените добиваат и до 50 проценти повисока плата споредено со земјите во кои се плаќа данок.

Во првата група се вклучени земјите кои лежат на нафта и генерираат големи приходи Катар, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Саудиска Арабија, Оман и Кувајт.

Дел од приходите од нафтата во овие земји оди во буџетот и тие се сосема доволни за потребите на државата, така што нема потреба од оданочување. Затоа, во овие земји не постојат даноци, кои се вообичаени во другите земји.

Воглавно се плаќа само мал износ за придонесите за социјално осигурување и понекогаш локални такси. Даноците на доход, добивка или било каков приход не постојат. Исто така, не постојат и даноци на имот.

Втората група на земји каде што не се плаќа данок на доход ги сочинуваат т.н. даночни рајови.

Даночниот систем генерално наплаќа данок врз основа на барањето за постојан престој. Данокот се плаќа таму каде физичкото лице има постојан престој, без оглед на државјанството. Тоа е причината зошто некои земји имаат нула или многу ниска стапка на данок на доход на граѓаните и бизнисот, со цел да ги привлечат богатите и големите странски компании кои сакаат да избегнат плаќање даноци во нивните земји.

Во оваа група се Монако, Кајмански Острови, Бахами, Луксембург, Сан Марино, Панама, Сејшели, Андора, Лихтештајн и др.

Животот во даночните рајови, можат да си дозволат само богатите, бидејќи таму е се вртоглаво скапо, од цените на недвижностите до цените на храната.