3Цената на барел нафта на меѓународните пазари се намали по објавувањето на податоците за раст на производството од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

На лондонскиот пазар цената на нафтата падна за 75 центи во однос на претходното затворање на 63,23 $. Во четвртокот цената нафтата во Лондон го достигна највисоко ниво во 2015 година, од 64,95 $. На американскиот пазар се тргуваше за 82 центи пониска цена во споредба со претходното затворање, од 55,89 $.

Цената на нафтата на лондонскиот пазар се уште е во близина на највисоко ниво во 2015 година забележано претходниот ден, само во април цената на нафтата е зголемена за 16 проценти, поддржана од конфликтот во Јемен и изгледите дека ниските цени на нафтата ќе влијаат за намалување на американското производство на нафта од шкрилци.

Но, цените сега се притиснати од податоците дека производството на ОПЕК, предводена од Саудиска Арабија, е зголемено за 810.000 барели дневно, на 30.790.000 барели дневно. Еден ден претходно, Меѓународната агенција за енергетика, која ги советува индустријализирани земји, исто така, објавија скок на производството на ОПЕК на 31 милиони барели дневно.

“Постои можност во второто тромесечје да биде забележан огромен раст на залихите на нафта во распон од 2,4 до 2,7 милиони барели дневно, ако производството на ОПЕК се уште е на 31 милиони барели на ден. Дали е можно да Саудиска Арабија сака да ги заплаши производителите надвор од ОПЕК, како што е Русија за преговори за производството? “, изјави David Hufton од PVM.

Разговорите помеѓу ОПЕК и другите големи производители, ги покренаа шпекулациите дека тоа се преговори за намалување на производството и тоа доведе до зголемување на цената на нафтата, иако повеќето аналитичари сметаат дека до договор нема да дојде.