Прометот во трговијата на мало номинално бележи пораст, тоа го покажуваат  дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, во 2017 година особено во групите/класите: Трговија на мало со непрехранбени производи, освен горива.

Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и Трговија на мало, освен горива , додека реално прометот во трговијата на мало бележи опаѓање во групата/класа Трговија на мало со моторни горива.

Индикаторите за промет во трговијата го мерат прометот во трговијата на големо и во трговијата на мало, и тоа во форма на номинални и реални (ценовно приспособени) индекси, а не во апсолутни износи.

Поради тоа, индикаторите служат исклучиво за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот. Податоците што се објавуваат се дефинитивни податоци пресметани врз база на 2010 година (базна година) и во споредба со истиот месец од претходната година.

Пресметаните индекси не се приспособени (сезонски, календарски и по работни денови).