Железничкиот систем продолжува да тоне во долгови. Според извештајот на Министерството за финансии, железничките компании се најголеми државни должници во државата и на крајот на минатата година.

Македонски железници Транспорт ја заврши претходната година со долг од скоро 4 милијарди денари, односно скоро 65 милиони евра. Државната компанија за железнички превоз има уште 600 милиони денари, односно скоро 10 милиони евра недоспеани обврски, покажува извештајот на министерството за финансии.

Втор најголем должник е Македонски железнички инфраструктура, со долг од 2,5 милијарди денари, односно 41 милиони евра. Уште два милиони евра се недоспеани.

МЖ Транспорт во изминатата година го намалиле долгот, а МЖ Инфраструктура го зголемиле.

ЕСМ дистрибуција на топлина должи 22 милиони евра, и уште 8 милиони евра недоспеани.

Меѓу најголемите должници влегуваат и клиниките, Номагас, ЕЛЕМ, Скопски водовод, кумановски водовод, Општина Тетово и Општина Гостивар.