Женева планира да воведе забрана за користење и продавање на пластика за еднократна употреба. Швајцарскиот град е еден од првите во Европа кој ја спроведува забраната, која ќе стапи на сила од јануари 2020 година. Потегот за забрана на пластични сламки, прибор за јадење, чаши и други предмети за еднократна употреба доаѓа по неодамнешното истражување се кое беше утврден зачудувачки факт дека околу 50 тони пластика завршуваат во Женевското Езеро секоја година. Бизнисите кои ги прекршуваат новите правила ќе се соочат со парични казни или би можеле да ги загубат нивните лиценци. ЕУ објави дека планира да ја забрани пластиката од 2021 година