Жените пензија со 35 години работен стаж, а мажите со 40 години, од 2019 година рударите порано во пензија

Идните мерки за пензионирање во рударскиот сектор предвидуваат од 2019 година жените да можат да се пензионираат со 35, а мажите со 40 години работен стаж.

„Навистина ни е драго што сме тука да ја споделам радоста заедно со рударите од овој крај“ изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска во Македонска Каменица токму на меѓународниот ден на рударите.

На рударите за една година работа им се пресметува бенифициран стаж од 18 месеци, пренесува МИА.

Вчерашниот празник Успение на пресвета Богородица се чествува како патрон на градот и заштитник на рударите. По тој повод деновиве во градот се организираат повеќе културни и спортски активности.