Полисата за животното осигурување е уникатен финансиски производ кој нуди двојна поволност: ИСТОВРЕМЕНО ОСИГУРУВАЊЕ И ЗАШТЕДА.

Животното осигурување е програма која е совршено прилагодлива и секоја полиса претставува единствено решение целосно приспособливо на индивидуалните потреби на осигурениците. Со осигурувањето на живот сами одлучувате колку сакате да штедите, односно сами ја креирате осигурената сума.

Полисата за животно осигурување на своите корисници примарно им гарантира сигурна исплата на вложените средства заедно со припишаната добивка по истекот на осигурителниот период.

Дополнително, преку овој инструмент осигуреникот обезбедува финансиска сигурност за најблиското семејство во случај на настанување на несреќен случај со фатални последици, смрт од болест или незгода. Животното осигурување е еден вид на инвестиција во сигурна економска иднина.


КОМУ МУ Е ПОТРЕБНО ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ?

 

  • Живеете во заедница…

Секојдневно уживаме во заедничките моменти кои ни го исполнуваат животот.

Здравје, среќа, радост, хармонија е она кон што тежнееме, но во животот се соочуваме и со тешки моменти. Уживајте во убавите моменти, но бидете подготвени и за оние помалку убавите. Во моментите на несигурност вистинска подрдршка овозможува полисата за животно осигурување.

 

 

 

  • Живеете сами…

Живеете сами и максимално уживате во сите убавини кои ги Ви нуди животот. Уживајќи во сите благодети на животот си поставувате животен стандарс кој можеби не би го одржале на долг рок, не без навремено испланирана заштеда. Едно е сигурно стандардот кој го имаме како работоспособна личност, не е ист со оној по пензионирањето. Навремено заштедете за животниот период во кој уживаме повеќе слободно време и се соочуваме со поголеми трошоци.

 

 

 

  •  Имате деца…

 

Секој родител сака на своете најмило да му обезбеди почетен капитал со ѓто ќе му го олесни зачекорувањето во светот на возрасните, но тоа подразбира сериозна инвестиција. Соништата се повеќе од реални со навремено испланирани заѓтеди и троѓоци. Обезбедете им на Вашите најмили: квалитетно образование, сопствен стан, автомобил или пак капитал  за започнување на соспствен бизнис. Вистинска одлука потребно е да ја донесете во вистински момент!

ЗОШТО ЛУЃЕТО СКЛУЧУВААТ ЖИВОТНО ОСИГУРУВАЊЕ:
  • Создавање капитал за времето кога приходите ќе Ви се намалат, особено по заминувањето во пензија;
  • Идната пензија е секогаш помала од заработката;
  • Заштеда за задржување на постигнатото ниво на животен стандард;
  • Со осигурување на животот може да се решат многу значајни прашања, школување на деца, стапување во брак, купување на стан, изградба на семејна куќа, или да обезбедите дополнителни сретства за „ деновите на старост “;
  • Заштита на семејството во случај да го изгубат главниот финансиски извор;
  • Ненадејната смрт или тешка болест на носителите на приход во семејството може значајно да го загрози стандардот на живот на сите други членови;

Извор: Осигурај се