Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје на денешната седница донесе Одлука за именување на член на Надзорниот одбор, објави Банката на Македонска берза.

За нов член на Надзорниот одборот на ТТК Банка АД Скопје е избран г-дин Златко Черепналкоски, за период од 4 години, почнувајќи од 25.06.2018 година.

На именуваниот член на Надзорниот одбор му се определува награда за ангажирање и учество во работата на седниците на Надзорниот одбор од 21.000 денари месечно.

Оваа Одлука стапува во сила со денот на донесувањето, а ќе се применува по добивањето претходна согласност од Гувернерот на Народна банка на Република Македонија.