investire-oro-banco-metalli-firstЦената на златото се зголеми над 1.300 долари за унца, за прв пат од јануари минатата година поради очекувањата дека САД и Европската централна банка ќе продолжат со политиката на ниски каматни стапки. Фјучерс договорите за испорака во јуни се зголемија на 1,304.30 долари во тргувањето на њујоршката берза Comex.

Тоа е највисока цена на златото од 22 јануари минатата година. Само оваа година цената на златото зајакна за 23 проценти.

“Златото покажа доста импресивни перформанси”, во интервју за Bloomberg изјави аналитичарот Daniel Briesemann од германската Commerzbank. “Имајќи предвид дека каматните стапки во САД, најверојатно, ќе останат ниски подолго време и дека Европската централна банка веројатно уште повеќе ќе ја олабави монетарната политика, вака високата цена на златото може да биде оправдана”, изјави Briesemann.