Центарот за интегриран развој Охрид – ЦИРО, со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка ГИЗ ја креира првата туристичка мобилна апликација „Discover Ohrid“.

Проектот и плаикацијата се осмислени да придонесат кон зголемување на конкурентноста и одржливоста на охридскиот туристички сектор преку дигитализација на туристичките потенцијали и услуги. Истовремено се очекува апликацијата да ја подигне свеста за културното и природото наследство на Охрид и потребата за нивна заштита, а со вклучување на услуги од активниот туризам, угостителство и занаетчиство, поддршка се дава и на локалните бизниси што е од особено значење во кризата предизвикана од КОВИД-19.

Во апликацијата се опфатени над 130 обележја од интерес групирани во шест патеки за откривање на културното наследство на Охрид и околината, десет патеки преку кои може да се ужива во природното наследство, над десет понуди од областа на активниот туризам, над 30 угостителски објекти и 15 работилници од традиционалното охридско занаетчиство.

Апликацијата е двојазична на македонски и англиски јазик, патеките поврзани со културата се и со аудио-водич, а поставената офлајн мапа во апликацијата овозможува патеките да се користат и без интернет конекција. Концептот на апликацијата предвидува интерактивна улога на корисникот, што се овозможува преку вклучениот систем на достигнувања и награди. Доколку корисникот комплетира некоја патека или посети одреден број знаменитости, добива награди и попусти од локалните даватели на услуги. Таквата опција на апликацијата се очекува да поголем ангажман на корисникот во целост да го истражи Охрид.

Тековната верзија претставува основа со многубројни можности за надградба и може понатака да се развива во стабилна платформа за севкупната понуда на Охрид како туристичка дестинација.

Апликацијата што корисниците на андроид и ИОС платформите моќат бесплатно да ја симнат од интернет-страницата www.discoverohrid.mk официјално ќе биде промовирана на настан закажан за 5 февруари, преку онлајн конференција за медумите и заинтересираните субјекти.

(МИА)