Вашето време е вашата слобода. Веќе не мора да брзате секаде да стигнете и удобноста на домот или на канцеларијата не би ја замениле со ништо. Едноставно влеговте во овој свет на удобности, привилегии и неограничени можности кои ви ги нуди дигиталното банкарство затоа што тој значи повеќе слободно време, помалку стрес и помали трошоци.

Со дигиталните услуги и апликации на Комерцијална банка вашиот финансиски свет се доближува до вашите специфични желби и потреби, а вашите секојдневни банкарски трансакции стануваат едноставни, брзи, лесни и безбедни. Банката ви нуди современи и повеќефункционални дигитални услуги – Интернет банкамБанкаKomPay, електронска идентификација преку OneID, со кои имате сѐ што ви е потребно за да уживате во привилегиите на дигиталниот свет.

Зошто дигиталното банкарство е толку популарно? Затоа што:

• Дигиталните банкарски трансакции се поевтини од шалтерските и до 80%, така што на овој начин заштедувате пари.
• Постапките за увид на сметка или плаќање преку Интернет банка или мБанка се едноставни и брзи со што заштедувате време.
• Може да вршите плаќања, трансфер на пари, промена на лимити, да купувате и продавате девизи секогаш кога имате потреба од тоа, а тоа ви заштедува непотребен стрес.
• Немате веќе потреба од трошење хартија и чување документација бидејќи сите ваши плаќања се сочувани и прегледни во вашиот профил на Интернет банка или мБанка, така што сѐ ви е средено и плус сте еколошки одговорни.
• Вашите лични податоци во банката секогаш се навреме ажурирани благодарение на вашиот електронски идентитет OneID, без потреба да одите на шалтер, така што имате непречен пристап до разни банкарски производи и услуги секогаш кога имате потреба.
• Не се грижите за безбедноста на вашиот паричник и вашите картички затоа што вашиот мобилен телефон станува вашиот паричник со бесплатната мобилна апликација KomPay.
• Не е важно дали сте во град или село, на плажа или на планина и дали имате итна или редовна финансиска трансакција, можете да примате и праќате пари во секое време и со еден клик, така што немате непотребни финансиски грижи.

Затоа не изненадува што многу клиенти веќе ги препознаваат можностите и ги користат предностите на дигиталното банкарство на Комерцијална банка. Никогаш немало подобро време за да влезете во светот на привилегиите што ви ги носи дигиталното банкарство затоа што тоа е вистинскиот одговор сѐ побрзиот свет во кој живеете.