За периодот од понеделник до денеска ЕСМ за струја купена од трговци плаќа 2 милиони евра. Да ја купеше оваа количина на берзата ХУПЕКС оваа струја ќе чинеше 800.000 евра поевтино. Ако не се откажани нарачките ќе превземе ли некој нешто?, објавува Фактор.

Државната компанија ЕСМ набави струја за која плати 800.000 евра поскапо од сумата што би ја платиле ако електричната енергија ја купиле по цените на унгарската берза ХУПЕКС. Струјата е набавена за четири дена од понеделник, 26 декември годинава, па до денеска (29 декември 2022 година).

На овие две набавки ЕСМ, кои се објавени на нивната веб страница ЕСМ, од три трговски компании нашиот државен производител набави 12.240 мегаватчасови електрична енергија.

Доколку ја набавеше оваа количина електрична енергија по цени од берзата ХУПЕКС ЕСМ ќе платеше 800.000 евра помалку од сумата што вкупно е платена на овие компании.

За да биде целосен контекстот на овој „подвиг во справувањето со енергетската криза“ цената што ЕСМ ја плаќа за струјата за овие четири дена изнесува 2,02 милиони евра. Односно 40% поскапо од берзанската вредност на струјата.

За воља на вистината во оваа цена трговците со струја ги вкалкулирале и своите трошоци за членство на берза, за закуп на преносен капацитет и други давачки. Но сепак овие четири дена тие имаа одлична „мрсна“ заработка која е бруто разлика од 40% од референтната цена на ХУПЕКС и продажбата цена за ЕСМ.

Ова е уште еден резултат од работата на менаџментот на ЕСМ, предводен од Васко Ковачевски, во справувањето со енергетската криза. Само за потсетување ЕСМ  во периодот ноември – декември годинава не може да вклучи по производство ниту половина од инсталираниот капацитет на трите блока во РЕК Битола и на ТЕЦ Осломеј…

Министерот Бектеши одби да даде коментар за успешноста на менаџментот на ЕСМ, откако објавивме дека во ноември тимот предводен од Васко Ковачевски, во просек, успеал да ативира „дури“ 37% инсталираниот производен капацитет на четирите термоблокови за производство на струја со кои располага ЕСМ. Бектеши, иако оперативно го координира работењето на ЕСМ, не упати да се обратиме во Владата која била акционер на државната производна компанија.

ЕСМ вчера ја откажа последната набавка на струја за испорака за денеска иако  цената на ХУПЕКС падна на 75 евра за мегаватчас.

„Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста праша дали се откажани нарачките наведени во табеларните прегледи подолу. Доколку добиеме одговор ќе го објавиме.

Извори на информациите:

– за цената на референтната берза https://hupx.hu/en/

-за аукциии на ЕСМ https://www.esm.com.mk/?p=14783

Еве ги деталите од набавката на ЕСМ во табелите подолу:

Струја купена од трговец „Данске Комодитис“