stock-footage-globe-and-graphs-blue-stock-market-loopable-background43237ca5750e648bb74cff00002763a0Со оглед на тоа дека движењето на финансиските пазари со своето купување и продавање го предизвикуваат луѓето кои по природа се емотивни и често ирационални, вредноста на сите финансиски инструменти одсекогаш претерано расте или паѓа.

Со доаѓањето на финансиската криза и многу поголемото вклучување на државата и на централните банки во движењето на берзите имаме нова фаза на ирационалност на финансиските пазари и навидум парадоксална ситуација.

Одеднаш, добрата вест се толкува како лоша, а лоша вест е добра. За било какви вести за корекција на економската ситуација во САД, акциите во целиот свет почнуваат да паѓаат нагло бидејќи инвеститорите семетаат дека расте веројатноста за престанок на масивното вбризгување пари во финансискиот систем од страна на американската централна банка.

Во случај на вести за влошување на економската ситуација, акциите почнуваат да растат, бидејќи инвеститорите веруваат дека централната банка ќе продолжи да инјектира пари во финансискиот систем, а тоа порано или подоцна ќе доведе до повисоки приходи на компаниите со што ќе се оправда растот на цените на акциите.

Во последните неколку недели повторно се случи парадоксално движење на многу пазари.

На валутните пазари американскиот долар слабее, покрај тоа што американската економија е во значително подобра состојба од другите развиени економии. Од друга страна еврото зајакнува, иако еврозоната и понатаму е со сериозни проблеми, Европската централна банка најави дека постои реална можност на следниот состанок на гувернерите да донесе донесе одлука за дополнително монетарно олеснување што традиционално лошо влијае врз валутата.

Јапонската централна банка неодамна, за прв пат во историјата и сосема неочекувано, каматните стапки ги спушти под нула, што значи дека сега приносите на заштедите во јени се пониски отколку што беа. Но, дури и таа одлука не го спречи значителното зајакнување на јенот во последните две недели.

И на пазарите на злато исто така се случуваат навидум невообичаени промени. Една од главните причини за раст на златото е стапката на раст на инфлацијата во големите економии во светот. Во последниве неколку месеци одлуките и најавите на трите најголемите и најважни централни банки во светот (американската, европската и јапонската) покажуваат дека стапката на инфлација е многу помала отколку што се очекуваше, но цената на златото во само еден месец се зголеми за 12%.

Инвеститорите на пазарите на нафта, исто така, го сменија начинот на размислување. Во изминатата година почнаа да ги игнорираат конфликтите и политичките тензии на Блискиот Исток, тензиите меѓу Западот и Русија, како и масовното откажување на големите енергетски проекти, што може да предизвика недостаток на нафта во блиска иднина и продолжија да ја продаваат нафта исклучиво врз основа на залихите кои може значително да се променат за една ноќ.

Аналитичарите на Admiral Markets сметаат дека тековните трендови на пазарот се привремена аномалија како резултат на прекумерната количина на пари вложени врз основа на неисполнетите очекувања за продолжување на стабилните движења на цените на финансиските инструменти во одредена насока. Штом дојде до мало движење во неочекуван правец настанува паника и масовно затворање на позицијата по цена полоша од планираното.

Пазарите веројатно, како и обично, многу брзо ќе се вратат во нормала. Инвеститорите, порано или подоцна ќе се фокусираат на реалната состојба во економијата и веројатно повторно ќе почнат да купуваат американски долари и да ги продаваат еврата и јените, што ќе доведе до зајакнување на доларот и слабеење на еврото и јенот. Цената на златото треба дополнително да падне доколку има продолжување на зголемување на каматните стапки во САД, додека цената на нафтата треба значително да се зголеми од сегашното ниво.