Може ли Германија да го прекине снабдувањето со енергија од Русија и ако е така, кога? Како Берлин стана силно зависен од рускиот гас? Шпигел го побара одговорот на овие непознаници.

Малку западни земји се толку зависни од увозот на енергија од Русија како Германија. Увезува речиси 50 отсто од јагленот и 34 отсто од нафтата. Импресивна е и зависноста на земјата од рускиот гас, бидејќи повеќе од половина од гасот доаѓа од Русија. Ниту една друга земја во ЕУ или во светот не увезува толку гас од Русија како Германија.

Тоа што земјата се најде во таква непријатна положба е резултат на погрешен историски развој. Од 1970-те, Германија се повеќе се потпира на природниот гас како извор на енергија. Планираното напуштање на јагленот и нуклеарната енергија дополнително ја зголемува зависноста од Русија како најголем снабдувач на енергија. На ова се додадени голем број локални карактеристики. На пример, двете големи рафинерии во Саксонија: Анхалт и Бранденбург, сè уште се снабдуваат со нафта преку руски нафтоводи. Ова е наследство на ГДР.

Повеќе од 90 отсто од потрошениот гас во Германија се добива од гасоводи, главно од три земји – Русија, Норвешка и Холандија. Испораките од Норвешка и Холандија тешко можат да се зголемат. Вистинските можности се гасот од Азербејџан, Алжир и Мароко.

Алтернатива би била течниот природен гас (ЛНГ), што може да се испорачува со танкери од земјите производители како што се САД, Катар и Австралија. Меѓутоа, во Германија сè уште нема пристаниште за течен природен гас. Сè уште е во фаза на планирање.

Затоа, федералната германска Влада бара можности за пловечки терминали во Северно и Балтичко Море, што би можеле привремено да се искористат во зимата 2022-2023 година. За неколку години планираните крајбрежни терминали за течен природен гас би можеле да добијат количества гас што ќе ги надмине испораките на гас од Русија.