Франција е на нозе поради пензиската реформа, а во споредба со другите европски земји не се премногу лоши.

Затоа Французите можат да се запрашаат кој ќе го финансира нивниот сегашен пензиски систем?

Пензионирање не на 62 туку само на 64 – и затоа излегуваат на улица? Во неколку европски земји, како и во Германија, пензиската реформа е веќе одамна спроведена, па можете да се пензионирате само на 67 години. Зошто Французите се бунтуваат?

Не е толку едноставно, објаснува Улрих Бекер од Институтот Макс Планк, каде што се занимава со социјално право и политика.

„Секогаш е тешко да се споредат пензиските системи бидејќи сите тие се многу сложени и многу различни.“

Французите главно протестираат за најраната старосна граница кога може да се оди во пензија со целиот износ, но има и услов за работен стаж – а тоа се цели 45 години.

Всушност, ако некој навистина почнал да работи на 18 години, тогаш дури и во Германија може да добие целосна пензија веќе на 63 години. Во Франција и сега луѓето кои наполниле 67 години можат да добијат целосна пензија и таму ништо нема да се промени.

Масовни протести во Франција: ПАРИЗ “ГОРИ“ (ВИДЕО)

Колку од платата, кога и колку време

Сепак, пензионираните Французи не се лоши во споредба со другите европски земји и има три параметри: висината на пензијата во однос на платата, возраста за пензионирање, но и просечното време кога некој ќе добие пензија, односно животниот век.

Според таканаречената нето пензиска квота, односно колку ќе биде таа во однос на платата, на Французите им оди многу добро и можат да сметаат на тоа дека ќе можат повеќе или помалку да го одржат својот животен стандард.

Така, во 2020 година пензиите беа три четвртини од просечната плата, што е за добри 14 отсто над просекот во земјите на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Во Германија е едвај 52,9 отсто.

Сепак, клучното прашање е стажот: во оваа реформа во Франција, тој мора да биде подолг ако сакате да се пензионирате пред 67 години. Тоа би можело да значи дека, со оглед на приходите, пензиите за Французите би можеле да бидат помали, особено за оние кои заработувале помалку и кои, по правило, порано почнале да работат.

Некој што завршил факултет и, да речеме, почнал да работи на 25 години, на 67 години ќе има 42 години стаж и ќе добие целосна пензија.

Низ Франција продолжија протестите против Макрон, Париз затрупан во ѓубре

Германија воопшто нема минимална пензија

Француската влада залудно се обидуваше да ги смири духовите со зголемување на износот на минималната можна пензија: сега таа во Франција е 961 евро, во иднина би требало да биде околу 1.200 евра. Ова е приближно просекот меѓу земјите на ОЕЦД.

Од друга страна, Германците можат да се држат само за глава поради ова: нема гарантирана минимална пензија. Оние чија пензија веќе нема да биде доволна за живот, секако може да побараат дополнителна социјална помош, но дали ќе ја добијат зависи од приходите на целото домаќинство.

Иако сè е јасно на хартија кога можете да се пензионирате, во реалноста луѓето престануваат да работат многу пред да можат со закон: во Франција, во просек, мажите се пензионираат на возраст од 60,4 години, жените на 60,9 години. Повторно во споредба со другите земји на ОЕЦД, тоа е три и пол години порано за Французите, а една и пол година порано од просекот за Французинките.

Од друга страна, животниот век на Французите е исклучително висок, што значи дека тие ќе добиваат пензија многу долго. Само во Луксембург пензионерите можат да очекуваат да им се исплати подолга пензија – во просек 24 години, во Франција 23 и пол години.

Французинките најверојатно ќе добијат пензија 27,1 година, а само пензионерките во Грција (28,4) и Шпанија (27,7) ќе уживаат подолга пензија.

Демонстрантите во Франција го запалија градското собрание во Бордо

Едноставна пресметка

Токму ова е причината поради која Франција инсистира на спроведување на пензиските реформи, а претседателот Макрон не е првиот што се обидува.

„Франција, исто како и сите други земји од ОЕЦД и светот, мора да се запраша како да го преживеат пензискиот систем, со оглед на демографските промени“, резимира Бекер.

А демографската промена е јасна: има се повеќе стари луѓе кои очекуваат пензија и се помалку млади луѓе кои ќе уплаќаат во пензискиот фонд. Додуша, никаде меѓу земјите на ОЕЦД овие исплати не се доволни за сите пензии, но државата мора да посегне по буџетски средства.

Постојат различни модели: во Германија се надоместува училишната возраст, а има и посебни додатоци за воспитување деца. Пензиските фондови речиси секаде грмат во долгови, кои повторно мора да се покријат од буџетот.

Пресметката е болно едноставна: колку се повисоки пензиите и колку помалку млади уплаќаат во фондот, толку повеќе државата мора да плати.

Во Франција оваа дополнителна исплата на државата кон пензиските фондови е меѓу најголемите во однос на нејзиниот БДП, само во Италија е уште поголема.

И тоа е болка што ги погодува сите француски влади, па актуелната премиерка Елизабет Борн вели дека реформата „би била гаранција за балансирање на пензискиот фонд до 2030 година“.

Првиот избор на секоја влада

Не е голема мудрост што може да се направи: намалување на пензиите или зголемување на старосната граница за пензионирање. Третата можност постои во земјите каде пензиските фондови се активни на берзата. Но, ако тргне на лошо пазарот на пари, само тогаш е катастрофа за пензионерите.

Ако се намалат пензиите, тогаш секоја влада може да смета на пораз на следните избори. Тогаш останува само да се подигне старосната граница за пензионирање.

Во Холандија веќе ја преместија на 69 години, Данска сериозно размислува за драстично зголемување, каде што пензионирањето би се случило само на 77 години.

Во Германија, во 2006 година, старосната граница беше зголемена на 67 години – со одлука на Уставниот суд за родова еднаквост и на мажите и на жените и оттогаш ниту една германска влада не се осмелува да ја допре.

А во Франција на секоја влада и е јасно дека едно евро може да се потроши само еднаш: ако се даде на пензионерите, нема да има пари за друго.

„Всушност, и во Франција, пензиската реформа мораше да оди многу подлабоко и да укине некои прилично чудни привилегии на одредени групи вработени“, објаснува Бекер.

„Но, во Франција е вообичаено луѓето решително да излезат на улица кога некој сака да ги намали социјалните бенефиции. А потоа има многу луѓе на протестите, дури и оние кои нема да бидат оштетени од реформата“, вели германски експерт. за пензиските системи.