Не е јасно како можеше директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски лани да изгуби судски процес од германската компанија вреден 28 милиони евра, а во рака имаше документи потврдени од независни надворешни консултанти дека бараните параметри за котлите не се постигнати и тоа по вина на изведувачот, германската компанија, с евели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Се работи за случај кога германска компанија не го изведе на најдобар начин ремонтот на котел 2 и 3 уште во времето кога со компанијата раководеа кадри од ВМРО-ДПМНЕ, по што дојде до судски процес.

„Сакаме  да го корегираме Ковачевски да не дава паушални искази за кои постојат и докази. Најодговорно тврдиме дека преговорите за спогодба кои се случија пред да се активира арбитражниот суд,  се одвиваа уште пред  СДСМ да го преземе раководењето на АД ЕСМ, кое се случи на 4 август 2017 година. Тие преговори продолжија и после овој датум, но сега под водство на раководната гарнитиура на СДСМ. Овие преговори за спогодба со германскиот изведувач ги изгуби токму Васко Ковачевски и тоа минатата година. И тоа во услови кога има документи од германскиот изведувач кои се потврдува дека работата не беше завршена како што е договорено.

Зошто АД ЕСМ под  водство на Васко Ковачевски ги изгуби овие преговори  и спогодби пред арбитражниот суд кога претходното раководство на АД ЕСМ предводено од ВМРО-ДПМНЕ му остави сигурни позиции со аргументи за неисполнети технички параметри за ремонтираните котли и оправдани барања од АД ЕЛЕМ за наплата на штети?  Котел 2 и 3 имаат полоши технички карактеристики отколку пред модернизацијата. На изведувачот од Германија  не му е одобрено да работи на модернизација на котел 1 сè додека не се изврши поправка на неисполнетите барани технички параметри на котлите од блок 2 и блок 3.

Наместо да ја замајува јавноста со лаги и  небулози  за некаква штета од 28 милиони евра, требало да се погрижи почната постапка од ВМРО-ДПМНЕ да ја доврши со цел АД ЕСМ да нема никакви загуби“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.