Цената на златото и натаму поскапува и само оди на горе. Забележан е раст на цената од речиси 3 отсто минатата недела. Цените  есна ниво од 2.023,70 долари за унца. Имаше зголемување за 2,8 проценти минатата недела, односно златото треба да се зголеми за околу 2 проценти за да достигне рекордно високо ниво од 2.069,40 долари поставено во 2020 година.

Цената на златото порасна за 11 отсто во текот на изминатиот месец и 24 отсто од неодамнешното ниско ниво достигнато во ноември лани. Златото вреди повеќе во долари кога вредноста на доларот се намалува. Пониските приноси на обврзниците значат помала конкуренција за злато, што не дава приход. И поголемата одбивност кон ризик го прави златото попопуларно. Биткоинот ја искористи можноста што ја отвори економската нестабилност и пресврт на банкарскиот пазар и годинава за само три месеци се зголеми за неверојатни 68 проценти.