Брзото вклучување на Западен Балкан во системот за тргување со емисии на ЕУ е единствениот ефикасен начин за постепено отстранување на јагленот од регионот, се вели во извештајот објавен од бриселскиот аналитички центар ЦЕПС.

Тој наведува дека повеќе од две третини од електричната енергија во Западен Балкан се произведува од лигнит, најмногу во електрани кои работат повеќе од 40 години. Јаглеродниот интензитет на електроенергетскиот сектор во регионот е три пати поголем отколку во ЕУ. Речиси ниту една електрана веќе не може да работи со предвидениот капацитет, се наведува во овој извештај, како што пренесува Билтенот на Агенцијата за енергетика на Србија АЕРС.

ЦЕПС наведува дека нејзините експерти развиле концепт за забрзано целосно пристапување на енергетскиот сектор на Западен Балкан во системот за тргување со емисии на ЕУ (ETС). Она што е важно е дека повеќе од една третина од снабдувањето со електрична енергија во Западен Балкан доаѓа од постоечки хидроизвори, кои претставуваат извор со ниска содржина на јаглерод што може целосно да се испрати. Со интегрирање на уште 20 проценти од соларниот капацитет, остатокот може да се надополни со геотермална енергија, ветер, биомаса и зголемување на ефикасноста на новите технологии, пренесува Политика.