Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи одржаа заедничка прес-конференција по повод новите договори по Законот за рамномерен регионален развој (РРР).

Вицепремиерот Битиќи истакна дека одржливиот и инклузивен рамномерен регионален развој е од витално значење за државата, дека тој ја поставува основата на просперитетот  на општеството, ја поттикнува еконмската стабилност и ги намалува социо-економските разлики.