Повеќе од 2.000 работници од Амазон во Германија кренаа штрајк поради ниската плата.

Под мотото “Нема повеќе попуст на нашите приходи”, дводневната акција се совпаѓа со мега-попустот на Амазон во акцијата Prime Day, а поддршка на штрајкот дадоа и работниците во САД и Велика Британија, исто така. Германските синдикати сакаат колективни договори и подобри услови, но Амазон одговори на штрајковите, наведувајќи дека тој веќе е “фер” работодавач. Германија е најголемиот пазар на Амазон надвор од САД и оваа недела ги објави плановите за ново складиште во Германија (13-то по ред) и нови 2.800 постојани работни места.