richard_bransonОсновачот на Virgin Group Ричард Бренсон смета дека основањето на своја сопствена компанија може да биде една од најдобрите одлуки која можете да ја направите во животот. Тоа не е лесна задача, но не е невозможно да се започне целиот процес на создавање на успешен сопствен бизнис.
“Доколку сакате да имате бизнис во следните десет години, морате добро да го разбирате вашиот бизнис, пазарот на кој работите и тимот со кој создавате”, вели Бренсон. Во еден пост на својот блог, Бренсон споделува некои совети за идните претприемачи, за тоа како да се основа успешна компанија.

  1. Настојувајте да планирате долгорочно – Успехот на вашата компанија може да зависи од долгорочните планови кои ги имате за неа. “Поставување на цели што сакате да ги постигнете вие и вашиот тим ќе ве мотивира да продолжите”, порачува Бренсон. Ќе постојат пречки кои ќе биде тешко или невозможно да се предвидат, но јасен план секако ќе го унапреди работењето и ќе овозможи постигнување на целите.
    Бренсон верува дека развојот на бизнис стратегии е од суштинско значење за напредокот на компанијата. “Доколку имате јасна визија за тоа каде ја гледате вашата компанија во следните десет години, развиете план за тоа како мислите тоа да го реализирате”, вели Бренсон.
  2. Држете се до принципите врз кои сте ја основале компанијата – Доколку имате план да го проширите бизнисот на компанијата во нови области и создавате нови производи, Бренсон верува дека најдобар начин тоа да го направите е се да обедините во една компанија. “Поврзувањето на сите производи под едно име е најдобра бизнис стратегија и предноста што една компанија може да ја има. Клиентите се идентификуваат со брендот и вредностите кој тој ги претставува многу повеќе одколку со поединечните производи “, вели Бренсон.
    Советува работа на принципите на компанијата, на нивното јасно дефинирање на почетокот, така што секој да знае каков вид на компанија имате и кои вредностите кои таа ги негува. ” Virgin секогаш функционира така да клиентот е поставен во центарот на вниманието на се што правиме. Тоа е она што нашиот бренд цени и негува и дека ние тој принципот го применуваме на сите други активности што ги правиме под истото име “, вели Бренсон.
  3. Составете добар тим од луѓе – Инвестирајте во луѓе со кои ќе работите и имајте доверба во нив, само затоа што од нив зависи работењето на вашата компанија и нејзиниот успех. “Го научив ова многу рано.  Нема никаква смисла да се вработат луѓе, на кои нема да им верувате “, вели Бренсон.
    Доколку имате доверба во вашите колеги, ќе имате повеќе време да се концентрирате на деловната стратегија и она што сакате вашата компанија да биде и во иднина. “Во четириесет години на искуство собрав фантастичен тим на луѓе кои секојдневно го водат Virgin Group и тоа ослободува осумдесет проценти од моето време, за да можам да се концентрирам на непрофитниот дел Virgin Unite”, вели Бренсон.
  4. Најдете добри ментори – Добар ментор може да ви помогне да учите од грешките на другите, како не би ги направиле и вие. Исто така може да ве научат кој е најдобриот начин да управувате со средствата за финансирање на компаниите кои ги имате.
    “Мислам дека јас профитирав од зборовите на Сер Фреди Лакер кога ја основав Virgin Atlantic. Тој ми кажа дека мојата компанија никогаш нема да биде во можност да се натпреварува со огромните буџети за маркетинг активности кои ги имаат големите авиокомпании и дека сам со своите способности треба да се пробивам на пазарот и да го промовирам Virgin Atlantic “, вели Бренсон. Со оглед дека сега е еден од најмоќните претприемачи на светот, овој совет е вреден злато.