40 пендреци фплешти!
Или, како се создава и гради држава?
Мануал од пурпурните до неблагодарните, во времињата на лаги и себепромоции, дијаболичкиот ум или го имаш, или го немаш…
Како се создава држава?:
– со 40 пендреци фплешти за правдина и барање за промена (толку издржал овој на сликава во Корча, Влав – непокорлив по род и природа)… Тој се буни против тиранијата на која во служба на странски интереси им ја распродава земјата… Ама требет плешти кои ќе издржат, не свиткан и флексибилен рбет кој кукавички се витка на секоја олуја или ветре…
– со 40 години по затвори од Америка, до Лондон, до Германии, до Африки, со молк по канунот, хиерархија и римска дисциплина, додека се освојува светот, што легално, што нелегално…
– со 40 килограми злато, одвлечкани до Лајпциг на 2 магариња и вратени со Гутенбергова преса во 1730 година…
– со 40 километри лактадукти од порцелан, низ планини и долини, до профити за финансирање оружје и побуни против Турците…
– со 40 камшици по плешти и 40 сурѓуни за Рига од Фера, за Ѓорѓи Олимпиос, за Јани Фармак, за Питу Гули, за Наум Крнар, за војвода Сингелиќ, за Никола Сторурнар, за Јане Сандански, за Јанко Поповиќ, за Марко Костиќ…
– со 40 буриња дукати за секоја српска оставштина, за Олимпискиот стадиум на Атина, за првата грчка воена морнарица, за Атинската Академија и Национална опсерваторија, за првиот мост кој го поврзува Будим со Пешта, за Думба штрассе во Виена и меценството на Вагнер и други, за сите школи во Грција и Мала азија и сите сиропиталишта… За сите арматоли на историјата од војвода Мирче до Влад Тцепеш…
– со 40 огној во срцето и тупаниците, како Јани Колети и Мегали Идејата, и Никола Пашиќ…
Како не се создава, туку се растура и продава држава:
– Со 40 арамии на АлиБаба – било од ВМРО или од СДС
– Со 40 издудлани стапови по штабови
– Со 40 контрамитинзи
– Со 40 автобуси и 40 сенГвичи со растителен кашкавал
– Со 40 списоци со по 40 ближни обележани на нив, продадени, трампани за работно место…
– Со 40 предавства на секој ќош
– Со 40 копејки за продажба на душа и гз на партијата
– Со 40 оки страв во коските и посраности во гаштите
– Со 40 превези на очите, да се прајш сам себе будала контра тоа што го гледаш
– Со 40 јазици лигави, залепени за опинокот од твојот господар лажен
– Со 40 сребреници за продажба на сите довчерашни, вистини, вредности, цели и заедништво…
Абе 40 мајки да ви ебам, кај се испилија олку бескичмењаци, предавници, неработници, штабари и лоботомирани примери на оваа субраса на овие простори… Не било од секогаш вака овде… Но, сега е.. Од алуминумон шо ги прсќет ќе да е… И 40 мајки да му ебам на тој шо ви даде вас држава…
Наум Димитровски
–