Во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ21, премиерот Христијан Мицкоски посочи дека за 2 години просечната плата пораснала од 650 на 800 евра, а до крајот на годината очекува таа да ја натфрли границата од 50.000 денари.

„Последниот податок којшто го имаме е јули – 24 месеци, иако во мај и рипна малце, над 800, но тоа е поради други причини, дивиденди и слично. Но, еве, до крајот на годината јас сум убеден дека ние ќе ја натфрлиме просечно магичната граница од 50 илјади илјади денари“, изјави Мицкоски.