Во 1982 година, 26% од вкупниот приход од глобалните концертни билети им припаѓаше на првите 1% од изведувачите. Денес, тој процент и износ е искачен на 60%, се вели во истражувањето од покојниот економист на Принстон, Алан Кругер. “Средниот слој на бендови и музика се повлече, бидејќи се повеќе потрошувачи гравитираат кон се помал број ѕвезди”, пишува Кругер во својата книга “Рокономика”. Ова излегување од средината се случува бидејќи изведувачите се повеќе се потпираат на концерти за да заработат за живот, бидејќи технологијата за стриминг ја девалвира снимената музика. Изведувачите денес прават околу три четвртини од нивниот приход од концертни обиколки, во споредба со околу 30% во 1990-тите.