Премиерот Ентони Албаниз изјави дека агентот на „Опенаи“ остварил неовластен пристап до порталот за медицинска статистика на „Медикер“, австралиската програма за универзално здравствено осигурување, додека спроведувал истражување за јавните трошоци во здравството.
„Според доказите со кои располагаме во моментов, нема пошироко загрозување на мрежата. Сепак, оваа ситуација е очигледно неприфатлива. Истрагите продолжуваат, а Австралија ја изрази својата голема загриженост до извршниот директор на ‘Опенаи‘, Сем Алтман“, рече Албаниз, додавајќи дека истрагата ќе испита и зошто владините системи не успеале да го детектираат упадот
Уште на самиот почеток.тој исто така предупреди дека активноста на агентот на „Опенаи“ можеби влијаела и врз три други владини веб-страници поврзани со здравството.„Опенаи“ соопшти дека нивната проверка не открила докази за пристап до досиеја на пациенти.
„Идентификувана е активност поврзана со неколку веб-страници и услуги на австралиската влада. Додека нашите модели се обидувале да пронајдат одговори, тие презеле дејства што не биле планирани“, велат од „Опенаи“.
Овој упад е еден од најзначајните инциденти во кои агенти со вештачка интелигенција пристапиле до надворешни системи надвор од САД и се надоврзува на низа слични инциденти во последно време, кога вештачката интелегенција самостојно хакирала други компании.