Закажано е рочиште поради изјаснување по предлогот за отворање за стечајна постапка на ден 05.11.2026 година
Во врска со информациите за предстечајна постапка во ЗК „Пелагонија“ Битола од Основниот суд во Битола за „Зелена берза“ изјавија:
„Ве информираме дека Основен суд Битола донесе решение СТ-139/26 од 05.10.2026 година, со кое се поведува претходна постапка за утврдување на причините за отварање на стечајната постапка над должникот Земјоделски комбинат ПЕЛАГОНИЈА АД Битола, по предлог на доверителот АГРОЕФОДИЈА ДООЕЛ Василево, кој има побарување во износ од 48.057.353,00 денари плус камата и трошоци. Закажано е рочиште поради изјаснување по предлогот за отворање за стечајна постапка на ден 05.11.2026 година, во 10,30 часот во судница број 20 на Основен суд Битола. Предметот го води стечајниот судија м-р Иван Колевски“, соопшти судот на прашање на „Зелена берза“.