Стапката на невработеност во земјава во третото тримесечје од 2026 година изнесува 11,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во овој период биле евидентирани 89.593 невработени лица, додека бројот на вработени достигнал 708.182.
Активното население изнесувало 797.775 лица, а стапката на активност 52,4 отсто. Стапката на вработеност била 46,5 отсто.
Во споредба со истиот период лани, стапката на невработеност е намалена за 2,4 процентни поени, додека стапката на вработеност бележи раст од 0,4 процентни поени.