Бруто-добивка  од 61,52 милиони денари е значително подобрување во однос на минатогодишниот деветмесечен резултат од 40,27 милиони денари. Оперативниот резултат пред исправка на вредност и загуби за оштетување изнесува 112,68 милиони денари, што претставува зголемување од 83,69% во однос на истиот период од минатата година. Нето-приходите од камати,како најзначајна компонента во структурата на вкупните приходи, се повисоки за 10,86%.

Од почетокот на 2018 година заклучно со 30.9.2018 година, фокусот во работењето на Стопанска банка а.д. Битола беше ставен врз остварување на клучните стратегиски и деловни цели дефинирани во Деловната политика, развојниот и финансискиот план на Банката за 2018-2022 година. Притоа, Банката постојано го приспособуваше своето работење на промените во домашните економски услови, модерните банкарски текови и глобалните пазарни случувања.

 

  1. Финансиски перформанси на Банката

Во периодот 1.1. – 30.9.2018 година, Стопанска банка а.д. Битола оствари позитивен финансиски резултат, односно бруто-добивка во износ од 61,52 милиони денари, што е значително подобрување во однос на минатогодишниот деветмесечен резултат, кога добивката изнесуваше 40,27 милиони денари. Тековното остварување е одраз на интензивните активности за контрола на трошоците и ефикасност во работењето, како и раст на нето-приходите од редовното работење. Оперативниот резултат пред исправка на вредност и загуби за оштетување изнесува 112,68 милиони денари, што претставува зголемување од 83,69% во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од камати,како најзначајна компонента во структурата на вкупните приходи, се повисоки за 10,86%, односно 25,16 милиони денари во однос на остварувањето за истиот период од минатата година. На страната на приходите од камати  остварен e годишен раст од 2,56%, кој раст главно е генериран од зголемено кредитирање на секторот домаќинствa, а во согласност со напорите за дисперзија на ризик и проширување на клиентската база. Следствено на пазарните движења и повеќекратните намалувања на пасивните каматни стапки, расходите за камати бележат годишно намалување од 14,48%. Планот на нето-приходи од камати за анализираниот период е остварен со 106,17%.

Нето-приходите од провизии и надоместоци се зголемени за 14,06 милиони денари, што претставува годишен раст од 19,41%. Приходите од провизии се зголемени за 12,33%, раст главно генериран од повисоки приходи од провизии од платен промет и кредитирање. На страната на расходите евидентирано е намалување од 7,71%. Планот на нето-приходи од провизии и надомести за анализираниот период е остварен со 106,53%.

 

Нето-курсните разлики се речиси непроменети во однос на минатогодишната реализација, додека планот за анализираниот период е остварен со 87,19%.

Останатите приходи од дејноста заклучно со септември 2018 година се помали за 7,36 милиони денари споредено со истиот период од минатата година, главно како резултат на пониски вонредни приходи вклучени во оваа категорија.

 

Исправката на вредноста на финансиските средства за анализираниот период на нето-основа е поголема за 16,63 милиони денари во однос на претходната година, што е одраз на промените во квалитетот на дел од постојното кредитно портфолио.

 

Во согласност со Одлуката за сметководствениот и регулаторниот третман на средства преземени врз основа на ненаплатени побарувања, заклучно со 30.9.2018 година, за анализираниот период евидентирана е загуба поради оштетувањето на нефинансиските средства на нето-основа во износ од 17,18 милиони денари.

 

Трошоците за вработените се повисоки за 1,32% споредено со периодот 1.1 – 30.9.2017 година. Планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 88,43%. Останатите расходи од дејноста се пониски за 16,39%. Планот за третиот квартал од тековната година е реализиран со 99,16%. Амортизацијата е зголемена за 1,85% на годишна основа, додека реализацијата на планот за анализираниот период изнесува 91,60%.

 

  1. Промени во сметководствените политики и методи на вреднување

 

Во периодот 1.1. – 30.9.2018 година, Банката направи измена и започна со примена на нови сметководствени политики заради усогласување со новата Одлука за Методологијата заевидентирање и вреднувањенасметководственитеставки и заподготовканафинансискитеизвештаи(„Службенвесникна Република Македонија“ бр.83/2017 година) донесена од страна на Народна банка на Република Македонија. Измените во Методологијата се однесуваат на имплементацијата на Меѓународниот стандард за финансиско известување – МСФИ 9, во делот на класификација, мерење, вреднувањ еи оштетување на финансиските средства. Во таа насока, Банката изврши прекласификација на портфолиото на хартии од вредност, што не предизвика промени во основите за мерење и никаков финансиски ефект од класификацијата, освен следното:

   

  1. Дивиденди

 

Во согласност со Одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2017 година на Стопанска банка а.д. Битола, усвоена на седницата на Собрание на акционери одржана на 25.4.2018 година, Банката не исплати дивиденда за 2017 година.

 

  1. Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

 

Намалување од 10,05% на недвижностите и опремата за анализираниот период споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2017 година.

 

  1. Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

 

Обврските по кредити за анализираниот период се пониски за 30,91% споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи за 2017 година, што главно се должи на намирување на квартални обврски по кредитни линии.

 

  1. Очекувања за претстојниот период

 

Очекувањата за периодот што следува се во насока на стабилизирање на макроекономско опкружување, умерен раст на реалниот бруто-домашен производ и просечна годишна стапка на инфлација од околу 2%. Во согласност со Деловната политика, развојниот и финансискиот план во последниот квартал од тековната година, Банката ќе биде насочена кон остварување на поставените цели за 2018 година. Очекувана е умерена кредитна активност кај сегментот домаќинства и нефинансиски правни субјекти, при што главен извор на финансирање остануваат депозитите на комитенти и обврските по кредити. Ќе се вложуваат и масимални напори за подобрување на квалитетот на активата преку наплата на дел од нефункционалните кредити и продажба на преземен имот. Ефектот од планираните активности до крај на година заедно со реализацијата во периодот 1.1. – 30.9.2018 година претставуваат солидна основа за остварување на планските големини за 2018 година.