Гувернерот на англиската банка Ендру Бејли, наведе дека криптовалутите немаат суштинска вредност, и дека оние кои ќе сакаат да вложат во нив, мора да бидат подготвени да изгубат пари.

Бејли, кој е скептик околу прашањето за криптовалути, одговори на прашањето за вредноста на истите.

„Луѓето им дадоа вредност на нив, но тие може да имаат само надворешна вредност, суштинска никако. Ќе го повторам ова – купувајте само ако сте подготвени да изгубите пари“, рече Бејли, пренеси Си-Ен-Би-Си.

Во меѓувреме англиската банка најави дека ќе се здружи со УК Трисури за да го истражи постоењето на криптовалутите. Се очекува да се проучат можностите на ризик за потенцијалните дигитални фунти, како и случаеви во кои би можеле да се употребуваат.