Почитувани читатели на БанкоМетар.мк
Во морето кредитни понуди, тешко се одлучувате за кој потрошувачки кредит да се одлучите. Заради тоа, БанкоМетар.мк врши анализа на кредитните понуди ви нуди поедноставени и практични одговори за тоа кој кредит е поповолен или кој кредит повеќе Ви одговара.
Денес, ќе ги разгледуваме:
1. Потрошувачкиот кредит на Комерцијална Банка до 30.000 ЕУР, и
2. НЛБ Виолетовиот потрошувачки кредит
Во продолжение се споредени главните параметри на кредитите:
Износ на кредит: 1.800.000 денари 600.000
Каматна стапка: 4,7%( први 3 год)/ 5,7% понатаму 7,1%
Рок на отплата: 120 месеци 60 месеци
Трошоци: 2.300 денари при аплицирање 600 денари при одобрување
Предвремена отплата: Без трошоци за предвремена отплата Без трошоци за предвремена отплата
Од оваа анализа можеме да заклучиме дека Потрошувачкиот кредит до 30.000 евра на Комерцијална Банка е поповолен во 3 критериуми, а Виолетовиот кредит на НЛБ во 1 критериум.
Оттука, можеме да заклучиме дека Потрошувачкиот кредит на Комерцијална Банка до 30.000 ЕУР е далеку поповолен и редакцијата на БанкоМетар.мк го препорачува!