Граѓаните ги преплавија продавниците, а најкупувани продукти, како што можеше да се забележи од нашата обиколка низ продавниците, беа маслото за јадење, брашното и квасецот.

 

Во продавниците се повторува сценариото од пред речиси 2 години кога почна пандемијата, но сега од други две причини- за да се пресретне одмрзнувањето на цените на 1 март, но и од страв од недостиг на храна по сите информации што доаѓаат поради руско-украинската војна.

-Повторно се случува истото како на почетокот на пандемијата. За неполни два часа откога ја отворивме продавницата, се испразнија голем дел од рафтовите и повторно ги пополнувавме. Зејтин се купува по цела кутија, брашно од големите пакувања по 5 килограми – велат во една продавница.

Цените на безрите на житата и на маслото за јадење веќе растат, а стравувањата на стопанствениците се дека цените и понатаму ќе растат.

 

Извор: Ценометар.мк