Комерцијална банка со донација на 6.000.000 денари ќе помогне да се обезбедат неопходни намирници и средства за преживеаните жители во настраданите подрачја, соопшти денеска водечката банка во земјава.
„Нашите мисли се со семејствата на настраданите од разорните земјотреси во Турција и во Сирија, на кои им изразуваме длабоко сочувство и се молиме за спас на луѓето кои сѐ уште се под урнатините“, велат од Комерцијална банка.
Средствата ќе бидат донирани во Фондот за солидарност на Црвениот крст.
„Трагедијата и болката на турскиот и на сирискиот народ се неизмерни, но веруваме дека секоја помош е значајна за ублажување на последиците и намалување на страдањето“, велат од Комерцијална банка.