Што точно добиваат граѓаните од одлуката на Народната банка за намалување на тарифите и провизиите кои ги наплаќаат комерцијалните банки.
Телевизија 24 побара експерско мислење од универзитетскиот професор Синиша Наумоски, кој вели дека новиот модел за надоместоци кон банките ќе придонесе за поедноставна и поконкурентна структура на тарифите.
„Граѓанинот би плаќал помалку провизии за електронски трошоци, помалку режиски трошоци, рати за кредити, и сето она што го плаќавме по одредена тарифа, логично би било во периодот што следи да биде со понамалени издатоци. Самиот модел на вакви нови одлуки кои ги донесовме како монетарен систем иницира или можеби охрабрува користење на електронско банкарство.“ – Синиша Наумоски универзитетски професор.
Компаниите пред се ќе добијат намалување на оперативните трошоци, вели професорот, односно сите трошоци кои ќе ги плаќаат фирмите преку интербенкарскиот платен систем ќе се намалат, или барем такви се очекувањата, додава Наумоски.
„Ако се такви очекувањата, фирмите ќе плаќаат кон добавувачите со помалку провизија, ДДВ, царина акциза итн. Исплатите на плати би оделе со помал трошок. Драстично се зголемува сигурноста и брзината на трансакциите.“ – Синиша Наумоски универзитетски професор.
Новите правила треба да почнат да важат од идниот месец. Според информациите банките се согласиле да ги намалат провизиите кои гиу плаќаат граѓаните и компаниите. Но, пред извесен период нивните тарифи беа зголемени, за кои имаше жестоки реакции во јавноста.