За разлика од едно огромно мнозинство овде, сместено во комфорт-зоната на посебната салама и платените сметки, се осмелувам да мислам надвор од кутијата, или како што е модерно да се каже out of the box, и пробувам некако независно да гледам на работите. Независно е несоодветен збор, можеби посоодветен збор е – пообјективно.

Кога така размислувам, прво нешто што ми паѓа на памет е: зошто ни е потребна ваква држава? Дали некој смета дека држава вака треба да функционира? За жал, големо, непрошетано, полу-до-неписмено мнозинство во државава смета дека вака треба да функционира држава. Но да одиме хронолошки за да навлеземе во проблемот дали е ова држава, зошто се создавале државите и која е улогата на државите.

Значи, прво, државите примарно се создавале ( било како кралства или како републики ) со цел да се максимизира економската моќ и наплатата на даноци од одредена територија на која се однесувале. Тие постанувале економски примарно ентитети, пред да постанат политички, воени или религиозни ентитети. И историјата и социологијата ни потврдува дека секогаш и секаде војните и колонијализациите се воделе од чисто економски мотиви. Војните водени за жени или религија се романтичарски превез за наивници. Секогаш и секаде, проширувањето на военото и политичко влијание на територии, било водено од економските амбиции на протагонистите. Значи државата во суштина постои за артикулација на економските интереси на луѓето кои живеат во неа. Најдобар пример за тоа се САД кои изградија еден од најфункционалните економски системи со помош на 287 официјално признаени нации. Значи, сите нации од светот, изградија супер-систем кој примарна улога има во економските артикулации и напредоци.

Овој испрдок од т.н. држава, од основањето во 1991 година се заснова на некакво си митско право на библисково мнозинство дека треба да има држава. Зошто треба библиското мнозинство да има држава? Никој оттогаш не припраша…

По мое мислење, континуитетот на државата на библиското мнозинство е среќен спој на околности почнувајќи од Коминтерната и завршувањето со една прдеж-демагогија дека после векови, милениуми и не знам што, ете сме добиле држава. И што ако добивме? Што аир видовме ако добивме 1. сопствена, 2. независна 3. суверена држава? Прво, немаме никаков бенефит. Тридецениската агонија продолжува да пука по сите шавови. Стандардот од матичната Југославија ни опадна за 3 до 4 пати. Меѓународниот респект се сведе на подбив, далеку под субсахарските земји, станавме подрачје на сечие влијание и потсмев, ама битно ние внатре си играме држава.

Денес веќе е јасно дека : 1. Сопствена – оваа веќе не е сопствена држава на македонскиот народ од поодамна. Прво, оваа станува неуредена територија каде сите економски ресурси се во странски раце а македончето станува кираџија во сопствен простор и ќе работи како негро во иднина и за тоа ќе добива само коска изглодана. Се продадоа сите државни ресурси, се што е вредно и што може да повлече некаква си независност. Приказната е завршена. Има и втор основ зошто не е „сопствена“ држава оваа повеќе а тоа поради поедноклеточно иридентистичко болноумно и болноамбициозно барање на малцинството со посебни потреби, кое поткрепено од Западот, френзично ја урива одвнате, особено преку евазија на даноци, грабање буџетски пари преку измислени работни места и проекти и на крај во секој момент е спремно вооружено да ја превземе територијата ( го видовме тоа 2001 ).

2. Независна? Смешки на веков, зависни сме од увоз на струја, лекови, пенкала, автомобили, храна ( пилешко увезуваме во износ од 140 милиони евра годишно – до толку сме неспособни што не знаеме кокошки да одгледуваме ), висока технологија, нафта и да не набројувам. Бруки… Нема никаква независност. Без море, без гасоводи и било какви артерии со развиениот свет – ние сме „хемороид чмара света “ – (м.з. Буре Барут )

3. Суверенизам – уште поголема смешка… Нашите подлизурковци и сервилни фригидни коугари од водството не смеат ни руска вакцина да нарачаат ако не добијат дозвола од Западот. Една платформа не може да се руши на малцинството со посебни потреби без одобрение од нив. Данок не може да се наплати секаде ист, емисари и пробисвети доаѓаат и не убедуваат од промена на име, па до најмала политичка конфронтација меѓу ретардираните СДСМ и ВМРО. Каков суверенизам е ова? Македонски? Појќе ми стојт како сизифизм.

Внатре во државата, буџетските средства покрај племенски, се распределуваат роднински, партиски, брачетски и вујнински. Секако се распределуваат само не по професионалност и по знаење, како во цел свет.

Ги изгубивме најквалитетните луѓе кои емигрираа, економијата е цела странска – наши се само робовите. Не смееме да донесеме никаква суверена- сопствена одлука, за се ни мислат од надвор.

За каква држава станува збор? Ние очигледно не сме способни да се само-уредиме. Ние не можеме да градиме и создаваме држава. Ако се прашувате зошто, како најантидржавен елемент би ја истакнал коруптивната, неписмена, оросписка и пред се партиско-дудлачка администрација. Па оваа багра е соучесник во пљачкањето на народните пари. Сите, на сите нивоа се уиграни. Ќути си, мети си…. А за да се покриваме, расти само надворешното задолжување преку кредити и еврообврзници, и сега сме над 80% од БДП и колата не може веќе да се застани низбрдо… Пред финансиски, економски и правен колапс сме.. Морален, етички и патриотски колапс направивме оддамна.

Затоа прашувам, зошто ни е ваква држава и дали треба да се бараат алтернативи?

 

Наум Димитровски