Стечајната постапка за Еуростандард банка тече според Законот за стечај. Но нешто спектакуларно во делот за кривичниот прогон не се случува. Од Обвинителството немаме конкретни информации, но она што може да дознаеме од јавноста и од некои приватни релации сѐ уште нема постапки во тој дел, изјави во Утрински брифинг Љупчо Кузмановски, адвокат и претставник на правната иницијатива во полза на оштетените.

По одлуката на Уставниот суд Владата веднаш реагираше и го задржи Министерството за финансии за 15 дена да донесе некакво решение за пополнување на оваа правна дупка што настана со одлуката на Уставен суд.

-Очекувано е владата да застане на страната на правата на граѓаните, станува збор за илјадници луѓе, за 3000 луѓе, но се уште нема решение во смисла на одлука од страна на владата. Очекувам дека постапката ќе продолжи во судот со стечајната постапка. Досега имаме коректни односи со стечајниот судија и стечајниот управник, добиваме информации колку што можат да дадат и не одбиваат соработка, вели Кузмановски.