Во државниот буџет за последниве пет месеци се префрлени 650.000 евра, соопшти директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу.

Во објавата на неговиот профилна Фејсбук тој наведе дека се работи за период од амрт до јули годинава.

– Агенцијата, во период од март до јули 2023 година, врз основа на  правосилните судски пресуди, изврши конфискација на парични средства и воедно спроведе успешни продажби на одземен имот, за што денес во државниот буџет се префрлени 40.000.000 денари, односно, 650.000 евра, обави Набиу.

Небиу неодамна изјави дека е потребен нов Закон за управуање со одземен имот за што веќе разговарал со министерот за правда Кренар Лога. Тој посочува дека најголемиот проблем со кој се соочува Агенцијата е тоа што складиштата се преполни со хаварисани возила стари и по 30 години и се неупотребливи.