Владините одлуки за замрзнување на цените не беа соодветни, не го дадоа очекуваниот ефект и освен тоа беа привремено решение, реагиаат граѓаните во анкетата што ја сними Алфа ТВ. Тие велат дека треба да има и други решенија, кои сериозно ќе го подобрат и онака лошиот животен стандард воопшто.

Од Агробизнис комората, пак, велат дека имало подобар начин за решавање на проблемите, а замрзнувањето на цените не било вистинската мерка, тоа беше лош и погрешен потег. Горан Георгиевски рече дека наместо заштедата од 1.500 до 2.000 денари месечно, како резултат на замрзнувањето на цените, Владата треба да им помогне на семејствата со ниски примања со помош од 6.000 до 10.000 денари.

Инаку, од 1 јуни беше укината одлуката на Владата за замрзнување на цените што беа во сила во текот на последните два месеци. Со овие одлуки Владата го стопираше зголемувањето на цените на некои земјоделски производи, белиот и полубелиот леб, брашното, маслото за готвење, јајца, ориз, тесто, млеко и млечни производи.