Извршниот директор на Airbnb Брајан Чески неодамна објави на својот Твитер профил дека воведувањето на резервации за сместување во криптовалути е едно од главните барања оваа година.
На 3 јануари, Чески ги замоли своите следбеници на Твитер да му дадат предлози во врска со платформата Airbnb, и тој заклучи дека најпопуларното барање е очигледно плаќањето во криптовалути. Голем број следбеници гласаа за јасно истакнување на цената, програма за лојалност за редовните гости, истакнување на нови цени за одржување на сместувањето и подобра поддршка на клиентите.
Чески рече дека биле разгледани и идеи поврзани со различни токени и многу е веројатно дека во иднина плаќањето за сместување во Airbnb нема да биде ограничено на еден или два токени.
Тој исто така додаде дека од 2013 година, Airbnb има обработено плаќања во вредност од 336 милијарди долари, пишува сајтот Crypto News.
Чески изјави за Fox Business во септември дека Airbnb добила многу барања за плаќања со криптовалути.
„Добиваме многу барања. Ги примам со години и сè уште немам што да објавам“, изјави во таа прилика.
Откако се појавија изгледите за излегување на берзата, Airbnb објави дека се прилагодува на новите технологии, земајќи го предвид успехот на криптовалутите и блокчејнот, пишува Biznis.rs.
Во 2016 година оваа компанија ја купи апликацијата ChangeTip за давање бакшиш во биткоини.
Неодамнешната промена кон криптовалутите е поттикната од конкурентите кои веќе имаат децентрализирани алтернативи за плаќање врз основа на блокчејн технологии како што е платформата Travala.com.