Најголемата кинеска интернет продавница Алибаба продаде стока во вредност од 1,43 милијарди долари за само 96 секунди !

Овој вид на продажба на Интернет беше организиран по повод кинескиот „Ден на самци“, а за девет часа „Алибаба“ продаде вкупно 21 милијарди долари стока, со што го сруши сопствениот рекорд од 30 милијарди американски долари во 24 часовна акција.

Основачот на Алибаба, Џек Ма е еден од најбогатите луѓе во Кина и меѓу глобалните лидери во светот на технологијата, транспортот и вештачката интелигенција.