САД ќе го блокираат кредитот од Меѓународниот монетарен фонд за Иран во висина од 5 милијарди долари, јавува Волстрит џурнал, повикувајќи се на извори во Белата куќа.

Според Вашингтон, Техеран на сметките има доволно средства за борба против ширењето на коронавирусот, а ако ММФ му дадат пари на Иран, нема да ги користат за борба против вирусот, туку за помош на економијата која е уништена од американските санкции или ќе ги насочат на финансирање на своите сојузници на Блискиот Исток.

Весникот истакнува дека Вашингтон, како најголем акционер во ММФ, има голема улога во одредувањето дали фондот ќе ги издвои побараните средства, но и другите членови на организацијата можат да не се сложат со САД, ако бројот на гласовите „за“ биде поголем од оние кои се „против“.

Американската администрација смета дека Иран располага со милијарди долари во Фондот за национален развој кој се полни од приходите од продажбата на нафта и гас.

Претходно шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф ги окарактеризира американските санкции против Техеран во екот на пандемијата на коронавирусот како „медицински тероризам“.