Американската Компанијата „TEXAN & Envipco“ којашто 10 години работи во Грција со најсовремена технологија за рециклирање одлучила во Македонија да отвори фабрика за рециклирање на пластика.

Претседателот на Владата Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, со претседателот на грчко-американската комора АмЧам, Николаос Бакацелос и со претставници на компании членки на комората било кажано дека компаниите изразиле интерес за заеднички вложувања и за инвестиции во енергетиката, обновливите извори како и во циркуларна економија во насока на спроведување на Зелената агенда, како и во агросекторот.

Заев, како што соопшти владината прес-служба, истакнал дека Македонија посветено работи на унапредување на економската регионална соработка, за што говорат и податоците за солидната трговска размена со земјите од регионот, како и заедничките проекти во полето на енергетиката. Тој и Битиќи ги поканиле компаниите да дојдат да ги искористат можностите за инвестирање, како и за заеднички вложувања со националните компании.

„На состанокот се дискутираше и за придобивките од влезот на Северна Македонија во НАТО што за инвеститорите е јасен и позитивен сигнал, бидејќи ја зголемува предвидливоста и сигурноста на деловниот амбиент за нови инвестициски вложувања“, се наведува во соопштението.

Заев говорел и за позитивните исчекори што Северна Македонија ги прави за придвижување на интеграциските процеси на земјата како уште еден силен импулс за отворање на економските перспективи, а еден од начините за остварување на таа цел е токму зголемувањето на регионалната соработка.