Американскиот претседател Џозеф Бајден сака половина од автомобилите што се продаваат во САД до 2030 година да бидат со нула емисија на штетни гасови, соопшти Белата куќа.

Постигнувањето на оваа цел ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид и ќе ја зголеми конкурентноста наспроти Кина, се вели во соопштението на Би-Би-Си.

Сообраќајот придонесе со 29 проценти од емисиите на гас во Соединетите држави во 2019 година.

Продажбата на автомобили со нулта емисија на штетни гасови во САД заостанува зад Европа и Кина.

Трите најголеми производители на автомобили во САД ја поздравија оваа цел, иако не е правно обврзувачка.

Светските температури веќе се зголемија за 1,2 степени од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не се обидат да ги намалат емисиите.

Како одговор на објавата на Бајден, Форд, Џенерал Моторс и Стелантис изразуваат „заеднички стремеж“ 40 до 50 проценти од продажбата да бидат електрични возила, вклучувајќи електрични возила на батерија, горивни ќелии и хибридни возила до 2030 година.