Американскиот сенатор од демократската партија Рoберт Мендез, кој и претходно се служеше со агресивна реторика против Венецуела, започна со кампања против неодамна ланисираната државна крипто-валута на Венецуела наречена „петро“, објаснувајќи дека САД ќе земат дополнителни акции против истата.

Издавањето на криптовалутата “Петро” а сега i најaвата и за нова валутa ги загрижи Американските сетатори, кои почнаа сериозно да се занимаваат со акции против нив.

„Загрижени сме бидејќи криптовалутата може да му обезбеди механизам на Мадури да извршува исплати на странските заемодавачи и сопственици на обврзници во САД, активности кои јасно ќе ги изиграат намерите на санкциите на САД“, пишуваат сенаторите.

Сенаторите го повикаа секретарот за финансии на САД да го мониторира прогресот на петрото и понудија детални активности кои департманот би можел да ги превземе за да спречи крипто-валутата да ги заобиколи санкциите.