Инфлацијата се очекува да остане во умерени рамки, но поради поскапувањето на храната и енергенсите, проектираната стапка од 2,2 процента ќе претрпи корекции, најави Народната банка. Девизните резерви се на високо и солидно ниво, се одржува стабилен девизен курс, вели гувернерката Ангеловска- Бежоска.

„Со априлскиот циклус на проекции проектиравме стапка на инфлација од 2,2 проценти, но судејќи ги најновите остварувања кај инфлацијата, како и проекциите, особено за движењето на цените на храната и енергијата, најверојатно ќе направиме умерена нагорна ревизија на инфлацијата. Тоа ќе биде направено со новиот цикулс на макроекономски проекции кој е во фаза на финализација“, изјави Ангеловска- Бежоска.

Инфлацијата, како што додаде, засега се очекува да остане во умерени рамки, како што предвидува и Меѓународниот монетарен фонд.