Земјата ја засилува заштитата за нејзините клучни индустрии

Јапонија ќе воведе закон со кој чувствителните патенти се чуваат во тајност, а истовремено ќе се компензираат апликантите кои се откажале од авторските права. Ова се случува во време кога земјата ги засилува напорите за заштита на клучните индустрии, соопшти Nikkei, без да откријат од каде ги добиле информациите.

Според нацрт-законот, владата ќе ги разгледа барањата за патенти за технологии кои потенцијално би можеле да ги користи војската, како што е развојот на нуклеарно оружје или квантната технологија. Патентите кои можат да претставуваат ризик за националната безбедност нема да бидат откриени. Апликантите нема да можат да аплицираат за патенти во други земји, додава весникот, цитиран од Блумберг.

Владата ќе ја објави новата рамка во јануари, а планира да стапи на сила во фискалната 2023 година.

Јапонија брзо ја зголемува отпорноста на својот синџир на снабдување и ги диверзифицира своите ризици бидејќи различни индустрии, од автомобилска до електроника, се соочуваат со глобален недостиг на компоненти. Премиерот Фумио Кишида рече дека националната економска безбедност е клучен столб на стратегијата за раст на Јапонија.

Земјата ќе го проверува купувањето опрема од клучните инфраструктурни оператори на телекомуникациските и енергетските мрежи, како и од финансиските компании, пишува Nikkei.

Според написот, владата ќе го надомести профитот од лиценците за период од околу 20 години врз основа на споредливи патенти. Дополнително, државата ќе формира тим со членови на Министерството за одбрана, Секретаријатот за национална безбедност и други агенции за разгледување на барањата за патенти.