Пониски цени на леб, брашно,масло, млеко, месо, ориз, јајца и на горивата

2022-03-12 19:00

Цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата, безоловниот бензин, дизелот, црвената нафта ќе се намалат како резултат на донесените мерки за намалување на ДДВ и акцизата, изјави денеска на прес-конференција во Владата министерот за финансии Фатмир Бесими. Бесими апелираше...

ИПАРД 3 нуди 250 милиони евра за македонскиот аграрен сектор

2022-03-12 16:00

Европската комисија неделава ја усвои новата ИПАРД 3 програма за Северна Македонија, во која се содржани нови мерки кои значат нови инвестиции за македонското земјоделство, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Со ИПАРД 3 се отвора можност во наредните седум...

Земјоделската, фармацевската и автомобилската индустрија ќе се први погодени од кризата

2022-03-12 15:00

Воениот конфликт во Украина има големо индиректно влијание врз производствените процеси на компаниите. Кризата е причината за намалување на обемот на работа или запирање на производството на голем дел од компаниите производители. Ескалацијата на кризата ќе има големи влијанија и врз домашната економија, ќе...

Во понеделник на Белград ќе му го доставиме планот за пченицата

2022-03-12 14:00

Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, вели дека во моментов има голема залиха во млиновите на македонското стопанство – Има 50.000 тони пченица и 10.000 тони пченка поради добрите политики за зголемување на домашното производство во изминатите години. Тоа се залихи кои ги имаат млинарите,...

Русија на работ од финансиски колапс

2022-03-12 12:51

На почетокот од третата недела од војната што Русија и нејзиниот претседател и ја наметнаа на Украина, руската економија се соочува со проблеми какви немала во изминатите три децении од посткомунизмот. Потешки од времето кога Михаил Горбачов мораше да признае дека (тогашната) советска економија...

Парламентот изгласа, од полноќ се очекува повтинување на горивата

2022-03-12 12:00

  Се очекува денеска Регулаторната комисија за енергетика да ги презентира новите цени на бензините и на нафтените деривати. До ова ќе дојде поради синоќешното одобррување од страна на парламентот на владини одлуки против кризата и усвоените законски измени за акцизата и за ДДВ....

Макпетрол: Не ни се исплати да продаваме горива со ваква заработка

2022-03-12 11:00

Трговците со нафтени деривати силно се спротиставуваат на најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика – да ја намали нивната маржа за 33 проценти, односно од 4,5 на 3 денари по литар. Оваа одлука регулаторот ја оправда со фактот дека тоа е единствениот инструмент...

Валентина Тасева избрана за креативна претприемачка на Западен Балкан

2022-03-12 10:00

Советот за регионална соработка (РЦЦ) денеска во Тирана организираше избор на жени преприемачки на Западен Балкан за 2021 година во шест категории и воедно ја промовираше првата Регионална мрежа на жени претприемачки во регионот. Меѓу лауреатите беше и Валентина Тасева, сопственичка на фирмата „Семос...

Од понеделник можно е поевтинување на горивата

2022-03-12 09:00

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека од следната недела Регулаторната комисија за енергетика ќе почне да носи одлуки со кои ќе се намали цената на горивата. Имајќи ги во предвид вчерашните цени на берзите и цената пред 2 дена, јас очекувам согласно анализата...

Аркан Керим е нов претседател на Tуристичко-угостителска комора

2022-03-12 08:00

  Аркан Керим е нов претседател на Туристичко-угостителска комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, кој беше избран на седница на Собрание на Комората. Керим е долгогодишен туристички работник, сопственик на туристичка агенција и на хотел и истакнат амбасадор на македонскиот туризам ширум...