Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, вели дека во моментов има голема залиха во млиновите на македонското стопанство

– Има 50.000 тони пченица и 10.000 тони пченка поради добрите политики за зголемување на домашното производство во изминатите години. Тоа се залихи кои ги имаат млинарите, стопанствениците, и тоа потврдува дека имаме доволно количини, рече Николовски денеска пред медиумите.

Министерот додаде дека стопанските комори работат на динамичкиот план со кој треба да се спроведе и увозот на пченица од Србија, која има обезбедено 50.000 тони за Македонија во ситуација кога домашните мелничари се жалат дека има недостиг на оваа количина.

– Бевме во Белград, беше потврдено од претседателот Вучиќ дека ќе биде следена ситуацијата во регионот . Во понеделник таму ќе го доставиме динамичкиот план за 50.000 тони пченица, а паралелно се одвива и нашата забрана за извоз на пченица, додаде Николовски.

Тој ги повика медиумите да известуваат одговорно и со смирувачки тон во ситуација на криза.