2021-02-15 17:06
Од полноќ малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 1,00 денар/литар, а „евросупер БС-98“ се зголемува 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 8.2.2021 година. Малопродажните цени...2021-02-15 14:00
Економијата во Велика Британија порасна побрзо отколку што се очекуваше во четвртиот квартал и покрај големите ограничувања поради КОВИД-19, но нејзината големина е под нивото на пред-пандемијата и очекувањата за првиот квартал не се добри. Бруто домашниот производ (БДП) порасна за 1% во трите...2021-02-15 13:00
Минатата недела, Народната банка на Србија ги предупреди граѓаните за ризиците од тргување со одредени акции на светските берзи. Станува збор за тргување со т.н. бинарни опции, каде што станува збор за високо ризични трансакции кои често вклучуваат разни форми на измама. Аналитичарот на...2021-02-15 12:00
Големата недела на биткоин стана уште поголема со објавата на раперот Jay Z и извршниот директор на Твитер Џек Дорси дека заеднички ќе формираат фонд за развој на оваа дигитална валута. Дорси во петокот ја објави веста на Твитер, пишувајќи дека аплицираат за фонд...2021-02-15 11:00
Американскиот претседател Џо Бајден ги запре правните постапки против TikTok и WeChat. Според Би-Би-Си, Доналд Трамп сметал дека двете апликации се закана за националната безбедност, па се обиде да ги забрани. Кинеските компании веднаш презедоа правни мерки против можните забрани, а новата администрација ќе...2021-02-15 10:00
Истакнатиот американски економист и нобеловец Нуриел Рубини, познат и како „Доктор Пропаст“ поради неговите песимистички ставови, остро го критикуваше биткоинот и влијанието врз околината, во авторски текст објавен во „Фајненшл тајмс“. „Бидејќи основната вредност на биткоинот е нула и би била негативна доколку се...2021-02-15 09:18
Ве известуваме дека денеска, 15.02.2021 (понеделник) со почеток во 11:30 часот претседателот на Владата Зоран Заев заедно со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава Анка Холштајн, ќе се обратат на прес-конференција за потпишување на договор за грант наменет во обновливи извори за енергетска...2021-02-14 16:42
Од Управата за јавни приходи денеска информираа дека останати се уште 258 фирми кои добиле финансиска поддршка од државата, а не исплатиле плати на вработени И покрај опомени и закани за казни, уште 258 фирми не исплатиле плата на работниците за еден или повеќе...2021-02-14 15:30
Централните банки ширум светот ги забрзуваат своите активности за воведување дигитални валути. Тие го прават тоа за да одговорат на забрзаната дигитализација и појава на криптовалутите, со тоа што повеќето веќе спроведуваат некои активности во областа. На почетокот на годината, Банката за меѓународни порамнувања...2021-02-14 14:30
Словенечката НЛБ банка ги извести сопствениците на акциите на Комерцијална банка за намерата да ги преземат преостанатите обични акции и целата емисија на приоритетни акции, објави брокерската куќа Моментум. НЛБ д.д. има намера да купи 2,82 милиони обични акции на банката, што е 16,77...