Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје распиша Јавен повик бр.1 за поднесување на апликации за директна финасиска поддршка на трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија од Посебниот кредитен фонд.

 

Предмет на овој јавен повик е поднесување на апликации т.е. кредитни барања за доделување на средства од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), за директна поддршка на трговските друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија, со намена за обртни средства вклучително и средства за подобрување на ликвидноста на компаниите.

Средствата од Посебниот кредитен фонд се во сопственост на Владата на Република Северна Македонија.

 

Вкупниот расположив буџет за овој јавен повик изнесува 338.250.000,00 денари.

 

Право на поднесување на апликација за кредит имаат сите квалификувани кредитобаратели согласно овој повик, правни субјекти трговски друштва и трговци поединци регистрирани во Република Северна Македонија со максимален број на вработени до 250.

 

Средствата од Посебниот кредитен фонд ќе се доделуваат под следните услови:

 

Намена на кредитот:
За обртни средства вклучително и за подобрување на ликвидноста на компаниите.

 

Износ на кредитот:
Максималниот износ на кредитот кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 1.845.000 денари, а минималниот износ на кредитот не може да биде понизок од 184.000 денари и тоа:
• на компании до 10 вработени, може да им се одобри кредит до 307.500 денари;
• на компании со 11 до 50 вработени, може да им се одобри кредит до 922.500 денари;
• на компании со 51 до 250 вработени, може да им се одобри кредит до 1.845.000 денари.

 

Бројот на вработени се зема од Билансот на успех од последната фискална година. Во случај да не постои ваков податок, кредитобарателот треба да поднесе изјава под полна морална, материјална и кривична одговорност за бројот на вработени со 31.12.2019 година.

Кредитите се пласират во денари без девизна клаузула.

 

Начин на пласирање:
− Директно до кредитокорисникот.

 

Рокови на отплата:
− До 2 (две) години со вклучен грејс период од 6 (шест) месеци.

Целосниот повик можете да го прочитате овде.